Возачите се должни да обрнат внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот.
Кога приоѓаат кон обележан пешачки премин, тие се должни да управуваат со визлото и да возат со таква брзина што овозможува во случај на потреба да го запрат возилото пред пешачкиот премин.
На делот од патот по кој се движат деца или се поставени сообраќајни знаци за учество на деца во сообраќајот, возачот е должен да вози со особена претпазливост и со таква брзина што ќе овозможи да го запре возилото во случај на потреба.
Предвидената глоба за прекршување на овие правила е во износ од 200 евра во денарска противвредност.