Енергетските компании и Регулаторната комисија за енергетика се во последни пресметки за новата цена на струјата која треба да важи за домаќинствата по Нова година.
Веќе се е поизвесно дека цената ќе биде повисока од оваа која граѓаните во моментов ја плаќаат. Потврда за тоа даде зголемената цена на тендерот за набавка на електрична енергија каде ЕСМ понуди цена за околу осум отсто повисока од минатите шест месеци.
Засега „топло ладно“ се игра и со информацијата за проширување на тарифните блокови. Додека власта уведува дека нема сите граѓани да добијат зголемени трошоци за електрична енергија, опозицијата обвинува за партиски вработувања во државните енергетски компании. Во меѓувреме од први повторно граѓаните имаат можност преку ден да користат евтина струја во периодот од 13 до 15 часот.
Цената на струјата повторно е една од главните теми на граѓаните. Што ги очекува домаќинствата од први јануари и какви ќе бидат трошоците за електрична енергија во првта половина од 2024 година, во периодот што следи треба да соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Тоа што е се поизвесно е дека зголемување на цената ќе има, но за кого и за колку засега е главната дилема.
Целиот текст прочитајте го на: denar.mk