Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) пред две недели донесе одлука малопродажната цена на бензинот ЕУРО СУПЕР БС 98 да ја намали за 3,50 денари и таа да изнесува 73,00 денари за литар во изминатите две недели.
Дополнително, РКЕ ја намали и малопродажната цена на бензинот ЕУРО СУПЕР БС 95 за 3,00 денари на 71,40 денари за литар и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е-V) за 1,50 денари на 67,50 денари за литар.
На 29. Октомври 2018 година, денот кога за последен пат РКЕ ги одреди малопродажните цени на горивата во Македонија, просечната цена на суровата нафта на светските берзи изнесуваше 67,04 долари по барел. Во изминатиот период од 14 дена, светската цена на нафтата бележеше тренд на намалување со што нејзината цена денес изнесува 59,87 долари за барел.
Намалувањето од 7 долари по барел ни дава за право да се надеваме на ново поевтинување на цената на горивата во Македонија.
Во текот на попладневните часови, РКЕ ќе објави соопштение за новите цени на горивата кои ќе важат во следните две недели.