Според неодемнешно истражување на Универзитетот Порстсмут, малку вежби може да бидат многу ефикасни за да исчезне поспаноста и дремењето после бессона ноќ. Новата студија навлегува во поврзаноста меѓу вежбите, недостигот на сон и когнитивните функции.
Универзитетот спровел два експерименти со по 12 учесници и истражувањето ги проценува когнитивните перформанси после три ноќи делумно лишување од сон и една ноќ целосно лишување од сон. На изненадување на истражувачите, 20 минуто вежбање во затворена просторија на велосипед ја зголемило функцијата на мозокот во сите услови и ја довело во прашање претпоставката дека зголеменото сабдување на мозокот со кислород е еден од условите за подобри когнитивни функции.
Физиологот Џо Костело ја потенцира уникатноста на оваа студија. Ова е првата студија која сугерира дека вежбите исто така ги подобруваат когнитивните перформанси после целосно или делумно лишување од сон и во комбинација со хипоксија.
Додека врската меѓу вежбањето и когнитивните способности е воспоставена, новото истражување воведува една вредна нијанса : нагласува дека факторите надвор од снабдувањето со кислород, како што се хормоните кои го регулираат мозокот, поголема возбуда или мотивација, може да придонесе за подобри когнитивни способности.
Физиологот Томас Вилијамс го истакнува поширокиот контекст и напоменува дека недостигот на сон често се случува заедно со други стресори, како што се промените на надморската височина при патување.
Отприлика 43% од луѓето не спијат 7-9 часа ноќе, што претставува ризик за менталното и физичкото здравје. Студијата покажа дека можноста за брзо ресетирање и сузбивање на овие негативни ефекти и нагласува дека движењето е лек за црниот дрог и за мозокот.
Иако се потребни подлабински истражувања, оваа студија е објавена во списанието Physiology & Behavior и дава драгоцени увиди во сложениот однос меѓу вежбањето, сонот и когнитивните способности.