Во конкуренција на голем број компании од регионот на Јадранот, А1 Македонија освои две престижни награди што беа врачени на свечената манифестација што се одржа во Загреб, Хрватска. А1 Македонија е добитник на гран-при награда на Best Employer Brand Awards Adria за земјата и Best Employer Brand Adria награда за големи компании во Адриа регионот.
„Нашата корпоративна култура која се заснова на тимската работа, меѓусебната доверба и агилност, длабоко се грижи за успехот на нашите колеги што се преточува во врвен перформанс на компанијата. Оттука постојано работиме на креирање и спроведување најдобри практики за кариерен раст, учење и изнаоѓање нови начини за континуирана и транспарентна комуникација. Горди сме што стручното жири ја препозна А1 како компанија која вложува во своите вработени и затоа ова признание претставува потврда во нашето убедување за вложување во луѓето, транспарентната комуникација и во нивната благосостојба бидејќи вработените се во центарот на нашето внимание”, изјави Елена Димовска раководителка на одделот на корпоративни комуникации на А1 Македнија.
На манифестацијата Best Employer Brand Awards Adria, гран-при се доделува за сеопфатна имплементација на стратегијата на брендот на работодавачот, внатрешна и надворешна комуникација на брендот, креативност на решенија, квалитет на кампањи, иновативност што ги покажува постигнатите резултати.
Настанот Best Employer Brand Awards Adria се одржа по петти пат, а по трет пат во регионалното издание во организација на CareerCentar, интернет платформа за онлајн тестирање и консалтинг за брендирање на работодавачи.