Кралицата Елизабета има многу чудни навики за кои никој не знае и веројатно никогаш нема ни да се дознаат. Сепак, постојат неколку нејзини навики кои и се познати на јавноста и ќе направат да ги подигнете веѓите чим ги прочитате.
Никогаш не патува без сопствена ќеса со крв
Иако на почеткот можеби ќе звучи лудо, но за овој факт постои многу логично објаснување. На секое нејзино патување Кралицата е придружувана од страна на нејзиниот лекар. Лекарот е одговорен за познавање на локациите на најблиските болници во секој од градовите што таа ги посетува. Меѓу другото, таа секогаш носи голема медицинска торба кој содржи подвижен дефибрилатор и итна медицинска помош.
Освен ова, лекарот поседува и пакување со нејзина крв во случај да има потреба од трансфузија.
Секогаш носи кука во својата чанта
Како и кај секоја жена, така и во чантата на Кралицата можат да се најдат многу интересни работи. Една работа што ја носи постојано со себе е кука кој ја користи за да ја закачува нејзината торба. На овој начин таа испраќа сигнали до своите слуги. На пример, ако ја стави торбата на подот тоа значи дека не ужива во друштвото и дека сака да си оди.
Мрази коцки мраз
Кралицата навистина го мрази звукот на коцките мраз во нејзината чаша, додека звукот на топките мраз е далеку помелодичен, смета таа. Се вели дека Принцот Филип бил тој што ја измислил специјалната машина која прави топчест мраз специјално за неговата сопруга. Па така, пијалоците на Кралицата секогаш се ладат со помош на топки мраз.
Секое утро се буди со помош на гајда
Наместо со будилник како повеќето луѓе, Кралицата ја буди гајдист кој секое утро во 9 часот свири 15 минути пред нејзиниот прозорец.
Не дозволува отварање на прозорците
Одредени прозорци во Бакингамската палата се затворени и можат да бидат отворени само неколку часа во текот на денот. Причината за ова е што се смета дека нивното отварање може да го наруши целокупниот изглед на палатата. Поради тоа, прозорците можат да се отворат само во одреден час и на тој начин да се задржи совршениот надворешен изглед.
Има бореви за секое парче облека
Секоја облека на Кралицата има посебен број и одреден запис во специјален дневник каде детално е објаснета секоја комбинација каде и кога била носена. Бидејќи таа претпочита светли бои и класичен стил, облеката многу лесно може да се измеша. Би се сметало за несоодветно доколку се појави во истата облека или истата боја два пати по ред.
Не сака бради
Кралицата преферира мажи без брада, па поради тоа не е ни чудно што сите мажи околу неа изгледаат исто. Иако брадите ги смета за крајно иритирачки таа има направано исклучок за својот омилен внук Хари, и покрај тоа што на неколку навртати се обидела да го промени неговиот стил.