Откако Комерцбанк во Германија укина повеќе работни места во последните години, оваа групација сега има потреба од 20 илјади нови работници. Нуди до 3.000 евра за почеток на работа.
По долгогодишното реструктуирање, вклучително и укинување на илјадници работни места, Комерцбанк во Германија сега вработува нови работници во голем број.
До 2034 година банката веројатно ќе има потреба од нешто помалку од 20 илјади нови вработени, изјави за германските медиуми директорот за човечки ресурси.
„Ќе биде многу тешко да се најде доволно кадар на сегашниот пазар на труд“, вели менаџер кој работи во Комерцбанк од јануари 2023 година.
Бонус од 1.500 евра
Во источна Европа, банките сега исплаќаат бонуси за нововработените кои изнесуваат меѓу 1.000 и 3.000 евра. Во Германија бонусот за секој нов вработен е 1.500 евра.
„Во следните десет години многу „бејби бумери“ кои работат во нашата банка ќе заминат во пензија. На тоа се додава природниот промет кој ќе се зголемува“, рече директорот за човечки ресурси.
„За да не се намали бизнисот, секоја година мораме да вработуваме околу две илјади нови вработени – приближно половина од нив во Германија, а другата половина на локации во странство како Лоѓ, Прага, Софија и Куала Лумпур. Ова е единствениот начин на кој можеме да го одржиме планираниот број на работни места со полно работно време, кој останува константен на околу 36.000 во целата групација“.
Итно бараат работници
Откако ја презеде болната Dresdner Bank во средината на финансиската криза во 2008 година, Комерцбанк беше првенствено фокусирана на мерките за штедење и отпуштањата.
Недолго по приклучувањето кон Комерцбанк, извршниот директор Манфред Кноф, кој е на функцијата од почетокот на 2021 година, најави укинување на 10.000 постојани работни места ширум светот.
„Во изминатите 15 години нè карактеризираат програми за намалување на бројот на работници. „Од преземањето на Dresdner Bank во 2008 година, од едно преструктуирање следеше друго“, рече директорот.
„Сега се движиме во сосема друга насока. Мораме да привлечеме многу луѓе кои се на пазарот на трудот – и тоа со голема брзина“, додаде таа.