Мобилните телефони се важен дел од нашето секојдневие. Ги користиме за да комуницираме со нашите најблиски, да сликаме, да создаваме видеа, да пишуваме белешки. Поради тоа, треба да внимаваме на нив и да се погрижиме да ни траат што е можно повеќе.
Во прилог презентираме неколку навики кои веруваме дека повеќето од вас ги прават, а притоа не знаете дека му наштетувате на вашиот паметен телефон.
Го игнорирате прегревањето
Времетраењето на батеријата се намалува доколку телефонот почне да покажува знаци на прегревање. Секогаш кога мобилниот ќе почне да ви се прегрева, прекинете со негово користење и отворете го капакот од телефонот за да дојде до проток на воздух. Исто така, избегнувајте да седите на дирекна сончева светлина додека го користите телефонот бидејќи и тоа има свој удел во неговото прегревање.
Не вршите редовно ажурирања на апликациите
Повеќето луѓе ги избегнуваат ажурирањата поради мислењето дека новите верзии додатно ќе зафаќаат простор во меморијата на телефонот. Периодичното ажирирање е задолжително затоа што го штити телефонот од сајбер напади и му овозможува подобро и поефикасно функционирање.
Имате инсталирано повеќе од една безбедноста апликација
Доволно е да имате само една безбедноста апликација. Не идете по логиката дека повеќе безбедносни апликации значат и поголема заштита. Доколку го направите тоа, вашиот телефон нема да може да користи ниту една правилно, а истите тие само непотребно ќе заземаат простор во меморијата.
Несоодветно го полните телефонот
Ова важи за сите оние кои својот мобилен го полнат со помош на УСБ портот од компјутерот или пак позајмуваат полначи од други телефони. Најдобро ќе биде да го користите оригиналниот полнач што сте го добиле кога сте го купувале мобилниот.
Не го рестарирате уредот
Некои сметаат дека повременото рестартирање на телефонот е добра идеја. На овој начин се расчистува нередот од меморијата на телефонот, се отстрануваат повремените датотеки и се дава нов почеток на вашиот уред. Зависи од телефонот, но се препорачува рестартирање еднаш во две недели.