Во тек се дебатите за тоа дали е подобро да се туширате наутро или навечер. Околу две третини од луѓето се тушираат секој ден, но сè уште нема вистински одговор на прашањето дали е подобро да се туширате наутро или навечер.
Доктор Џејсон Синг објави видео во кое тврди дека вечерното туширање сепак е подобро, бидејќи го подобрува квалитетот на сонот и ја хидрира сувата кожа.
„Има повеќе придобивки од туширањето во вечерните часови. Утринскиот туш има само една предност, а тоа е што поттикнува подобра хигиена“, вели тој.
Лекарот објаснил дека топол туш го стимулира ослободувањето на мелатонин, хормонот кој му кажува на телото дека е време за спиење. Ова е докажано со мета-анализа на 17 студии од 2019-та година.
„Ноќното туширање помага да се измие дневната нечистотија. Наутро не сме толку испотени и немаме непријатен мирис“, вели д-р Синг.
Оние со сува кожа или состојби како акни и егзема, исто така, можат да имаат корист од вечерното туширање. Д-р Синг вели дека туширањето во вечерните часови може подобро да ја хидрира нашата кожа.