Министерството за економија подготвува предлог што ќе биде дел од Законот за возила каде се предвидува Програма за субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на антернативно гориво во постоечките возила.
Програмата предвидува субвенции во износ од 50% од цената на трошоците за набавка и вградување на плински уред, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за возило.
Со неа е предвидено да бидат опфатени над 1.200 возила на годишно ниво, а мерката ќе стартува од 2019 година иако се уште не е прецизиран точниот датум.
Исто така, во предложените измени на Законот за возила што Владата ги достави до Собранието предвидени се и субвенции за купување на електрични и хибридни автомобили, како и за купување на ново возило, но доколку старото се одјави.
Програмата за субвенционирање на купување нови хибридни и електрични авотмобили предвидува субвенција од 5.000 евра за набавка на електрично возило, а за набавка на хибридно возило субвенцијата е 3.000 евра. Во првата година е предвиден буџет за набавка на над 200 електрични и хибридни возила.
Извор: Прес24
Прочитајте и: Опел дава бонус до 8.000 евра за сопствениците на стари дизели, но има еден услов