Државниот завод за статистика објави два огласи на својата веб страна со кои ќе пополни дури 25 работни места. Од едниот оглас се забележува дека платите се движат од 27 илјади денари па до скоро 32 илјади денари, и за сите кандидати се бара да имаат високо образование, со работно искуство и познавање на еден светски јазик.
На вториот оглас, се бараат кандидати кои ќе пополнат раководни позиции во оваа институција. За овие позиции платите се малку повисоки и се движат од 35 до 44 илјади денари.
Како што може да се види на нивната веб страна, со едниот оглас се бара да се исполнат 21 работно место со прераспределба. Во него е посочено дека се бара лице за позиција Соработник за надворешна трговија, чија плата ќе биде малку над 27 илјади денари, покрај работно искуство, се бара да има економски факултет и еден странски јазик од оние кои се користат во евопрската унија. Се бара и Советник за индустрија, чии надоместок би изнесувал 31,524 денари, и тој исто така треба да има економски факултет, познавање на јазик, но и тригодишно работно искуство.
Во Статистика се бара уште и Виш советник за индустрија, кој ќе биде платен 28 илјади денари, но трагаат и по кандидат за позиција Советник за структурни деловни статистики чија плата ќе изнесува 31,524 денари. Се бара и Виш соработник за структурни деловни статистики и странски афилијации со плата од 28 илјади денари.
Советник за информатичко, комуникациски технологии би добивал плата од 31,524 денари, и тој треба да има високо образование, со три години искуство и познавање јазик. Се бара и Виш соработник за информациско, комуникациски технологии кои пак би бил платен со 28 илјади денари месечно.
Во овој оглас, ДЗС бара и Советник за плати, кој ќе биде платен со 31.524 денари, а се бара и Соработник за плати, кој пак ќе има најмала плата од 27,162 денари. Меѓу 21 позиција која треба да се пополни е и позицијата Виш соработник за дизајн и апликативен развој кој ќе прима 28 илјади денари месечен надоместок, додека пак Советникот за дизајн на примерок, обработка на примерочни истражувања и квалитет ќе биде платен со 31,524 денари.
Се бара и советик лектор по македонски јазик – 31,524 денари плата, потоа соработник за статистички истражувања со 28 илјади денари месечен надоместок, како и Советник за статистички истражувања со 31.524 денари плата.
Се бараат кандидати во уште неколку позиции во овој оглас на ДЗС, чии плати се движат во претхдниот просек. Меѓу нив се бара и лице за позицијата Референт – благајник кој има убедливо најниска плата од 22.451 денар, што е скоро колку минималната плата, односно колку што истата ќе достигне следната година.
Сите кои сакаат да проверат детали, на овој линк.
Со вториот оглас, ДЗС бара кандидати за четири позиции чии примања ќе се движат над 35 илјади денари, па се до 44 илјади денари.
Еден кандидат треба да ја пополни позицијата Раководител на сектор за пазар на трудот и животен стандард, кој треба да има високо образование, познавање на компјутери, најмалку пет години работно искуство, со две години искуство на раководни позиции, но и положен испит за административно работење. Неговата плата ќе изнесува 44,146 денари.
Раководител на одделение за дизајн и апликативен развој исто така треба да има високо образование, познавање на компјутери, англиски, фанцуски или германски јазик, но и положен испит за административно работење, заедно со четири годишно работно искуство. Неговата плата е малку помала и ќе достигнува 35,363 денари.
Третата раководна позиција која ќе се пополнува е Раководител на Сектор за регионални одделенија, кој како и претходните треба да има факултет, еден јазик и познавање на компјутери, заедно со потврда за положен испит. Неговата палта ќе достигне 44.146 денари.
Последната раководна позиција е на Одделение за правни работи и официјална статистика, кој треба да исполни слични услови, а ќе добива 35.363 денари месечен надоместок.
Деталите за огласот со кој ќе се попоплнуваат раководните позиции на овој линк.