Албанската влада најави дека во текот на оваа година ќе распише тендер за изградба на аеродром во Ѓирокастро, јужна Албанија, објавија албанските медиуми.
Тоа ќе биде четвртиот аеродром во Албанија, по меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ во Ринас до Тирана, аеродромот во Кукуш (Северна Албанија) и аеродромот во крајбрежниот град Валона, кој треба да профункционира во 2025 година.
Одлуката на албанската влада за аеродромот во Ѓирокастро доаѓа по незаинтересираноста на инвеститорите за изградба на аеродром во Саранда, повторно во јужна Албанија, каде што првично беше планирано.
-Јужниот аеродром е наменет да биде во Ѓирокастро и ќе ја опслужува целата (јужна) област, вклучувајќи ги Саранда и Ксамил, рече вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика на Албанија, Белинда Балуку.
Ѓирокастро, познато како „Стоун Сити“, е вклучено во списокот на светско наследство на УНЕСКО од 2005 година.
Локалните жители во Ѓирокастро изразија задоволство од веста за аеродромот, бидејќи локалната самоуправа и Форумот за развој на аеродромите во градот со години вршат притисок за да добијат одобрение за аеродром таму.