Главоболките се појава со која многу луѓе се справуваат секојдневно. За нареден пат да не посегнувате по апчињата, ова се неколку природни начини кои ќе ви помогнат и ќе ви ги намалат болките во главата.
Пијте вода
Несоодвентната хидратација може да предизвика развој на главоболка. Пиењето вода ги ублажува симптомите кај повеќето дехидрирани лица во рок од 30 минути до три часа. За да не дојде до дехидрација, пијте доволно вода во текот на денот и јадете храна богата со вода.
Конзумирајте магнезиум
Магнезиумот е важен минерал кој е неопходен за безброј функции во телото, како што е контролата на шеќерот во крвта. Магнезиумот се покажа и како безбеден и ефикасен лек кога станува збор за главоболки. Истражувањата покажале дека 600mg магнезиум дневно помага во намалување на зачестеноста и сериозноста на главоболките.
Спијте доволно
Недостатокот од сон може да биде штетен за здравјето на многу начини и вооедно може да предизвика главоболки кај одредени луѓе. Меѓутоа, резултатите покажале и дека премногу сон може да биде причина за главоболка. Поради тоа, за најдобри резултати се препорачува да се спие од седум до девет часа.
Користете етерични масла
Етеричните масла се високо концентрирани течности кои содржат ароматични соединенија од различни растенија. Тие имаат многу терапевтски придобивки и најчесто се користат локално, иако некои можат и да се конзумираат. Маслата од нане и лаванда се особено корисни кога страдате од главоболка. Примената на есенцијалното масло од нане на слепоочниците се покажало дека ги намалува симптомите на главоболка.
Земајте витамин Б комплекс
Некои Б витамини можат да имаат позитивен ефект врз главоболките. Неколку студии покажале дека Б витаминските суплементи, како што се рибофлавин (Б2), Б12 и пиридоксин (Б6) можат да ги намалат симптомите на главоболка. Б витамините се безбедни за редовна конзумација, бидејќи истите се растворливи во вода и секој вишок ќе се исфрли низ урината.
Пијте чај од ѓумбр
Коренот на ѓумбирот содржи многу корисни соединеија, вклучувајќи антиоксиданти и антиинфламаторни супстанци. Ѓумбирот помага во намалување на гадењето и повраќањето, чести симптоми поврзани со сериозни главоболки. Ѓумбирот можете да го земете во форма на капсула или да направите моќен чај од него.
Вежбајте
Еден од наједноставните начини за намалување на сериозноста на главоболката е да бидете физички активни. Постојат многу начини да го зголемите нивното на активност, но еден од најлесните методи е да започнете со пешачење во текот на денот.