Досега променети се околу 1 210 000 патни исправи, повеќе од 1 100 000 лични карти и околу 540 илјади возачки дозволи. Според министерот за внатрешни работи, нема никаков проблем дали да се продолжи рокот за издавање на патни исправи, ако така одлучи Собранието, и нагласува дека се работи со зголемена динамика и процесот така ќе продолжи и по 12 февруари. Од друга страна пак, министерот за надворешни работи, порачува наместо да се концентрираме на давање лажна надеж за пролонгирање на рокот за документи, да се фокусираме на нивното вадење.
Министерот за внатрешни работи вчера информираше дека досега променети се околу 1 210 000 патни исправи, повеќе од 1 100 000 лични карти и околу 540 илјади возачки дозволи, посочувајќи дека издавањето лични карти продолжува и по 12 февруари.
- Да не се креира слика во јавноста дека по 12-ти нема да дојде до промена на документите. Владата не донесе одлука зашто Законот за лични карти не е променет и тој е во важност и од самиот почеток до денес беше јасно дека нема да има промена на личните документи. Неколку пати кажавме дека личните карти ќе важат и по 12 февруари, не заради тоа што се во домашна употреба, туку заради тоа што не го сменивме Законот за личните карти во кој се остава рок за важење на личните карти, рече министерот, додавајќи дека согласно проценките, нема голем број лица кои побаруваат документи, а се работи со зголемена динамика и процесот така ќе продолжи, изјави Спасовски во гостувањето на ТВ21.