Еден од најголемите инфлуенсери во професионалниот свет и основач на најпопуларната социјална мрежа за професионалци LinkedIn, Џеф Вејнер на својот профил ги сподели трите најважни квалитети кои треба да ги поседува секој ефективен лидер.
Свесност
Свесноста подразбира да се биде во тек со глобалните и индустриските трендови, да се располага со информации за пеформансите на компанијата и да се биде реален во врска со сопствените сили и слабости.
Синтеза
Во бизнисот успеваат оние кои можат да синтетизираат, а тоа подразбира способност да се оддели сигнал од бучава, да се поврзат одделните точки од една целина, да се генерираат увиди и да се развива план.
Инспирација
Последна, но не и најмалку важна е инспирацијата. За да водите луѓе, потребно е да имате јасна визија, храброст во убедувањето и способност да комуницирате.