Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2023 година, изнесува 38 359 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, изнесува 116.2.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (23.8 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (22. 0%), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19.4 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (8.0 %), Рударство и вадење на камен (5.9 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (4.6 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2023 година, изнесува 38 359 денари.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2023 година, изнесува 57 609 денари.
Проверете ја платата за вашата позиција на МОЈА ПЛАТА