Македонската економија се соочува со сериозен проблем: недостиг на квалификувана работна сила. Според проценките, потребни се најмалку 10.000 работници, но поради новите инвестиции, одливот на кадар и пензионирањето, потребите на компаниите се далеку поголеми.
Оваа ситуација предизвикува нервоза и конкуренција меѓу работодавачите, кои се обидуваат да привлечат и задржат вработените со различни стимуланси и бенефиции, но прибегнуваат и кон решението кое го понуди владата увозот на работна сила од странство.
Па така во 2023 година, владата ги зголеми квотите за вработување на странци од 2.000 на 5.000, со намера да ги задоволи барањата на стопанството.
Стастиките пак велат дека до ноември годинава Агенцијата за вработување издала повеќе од 4.500 работни дозволи за странци и тоа за турски, косовски, албански, индиски, но и руски и украински работници.
Овие дозволи се издадени за градежни работници, тесари, електричари, армирачи, но и за управители, менаџери и фудбалери.
Владата неодамна ја зголемила квотата за работни дозволи на странци од 5.000 на 7.000.