Сите ние секојдневно се потпираме на нашите мобилни телефони. Нивното прекумерено користење предизвикува тие да се совршен извор на секакви бактерии. Секој пат кога ќе го допрете телефонот вие пренесувате бактерии до вашето лице или раце. Неговото редовно чистење ќе ги отстрани сите микроби кои се "залепени" на екранот и кои се закана за вашето здравје.
Се што ви треба за темелно да го исчистите телефонот е: дестилирана вода, изопропилен алкохол (70%), шише со распрскувач, микрофибер или крпа за чистење на очила и памучни чепкалки за уши, односно дрвени чепкалки за заби.
Сосема исклучете го телефонот. Отстранете ја заштитнита маска, бидејќи и неа ќе треба посебно да ја исчистите пред да ја ставите повторно. Во шишето измешајте еднакво количесто на дестилирана вода и изопропил алкохол. Дестилираната вода е од суштинско значење доколку живеете во област каде водата е исполнета со микроскопски минерали кои можат да го изгребаат екранот на телефонот.
Од мешавината нежно испрскајте на микрофибер крпата, но немојте да ја пренавлажнувате. Никогаш немојте да прскате директно на телефонот, бидејќи тоа може да ја оштети неговата внатрешност. Искористете ја ткаенината за да го избришете целиот телефон, и напред и назад. За чистење на малите области, како што е леќата на камерата или копчињата, корисете суви чепкалки за уши.
Почекајте телефонот целосно да се исуши и потоа ставете ја заштитната маска. Оваа постапка правете ја барем еднаш неделно како би имало ефект.