Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е – Персонален данок, дека врши надградба на системот е – ПДД. Поради тоа, системот е-ПДД ќе биде во прекин почнувајќи од 26.01.2024 година (петок) во 16:00 часот. Интервенцијата ќе се извршува за време на претстојниот викенд, а по завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира.
Ја известуваме јавноста дека поради овој процес за надградба на системот можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ. Ги замолуваме даночните обврзници и корисниците на услугите на УЈП да имаат разбирање додека трае надградбата на системот, бидејќи истата ќе овозможи поквалитетни услуги за крајните корисници.
Поради вршење на оваа надградба и отежнато пријавување на даночните пријави преку системот е- Даноци, рокот за поднесување на ДДВ -04 пријавите се продолжува заклучно со понеделник 29.01.2024 година.