На крајoт на овој месец или на почеток на февруари се очекува да пристигнат парите од Мој ДДВ на сметките на граѓаните кои скенираат фискални.
Станува збор за исплата на повратокот од данок преку проектот Мој ДДВ за октомври, ноември и декември лани. Во согласност со законот, УЈП средствата треба да ги исплати во рок од 60 дена од завршувањето на тромесечјето. За нешто повеќе од четири години од спроведувањето на оваа мерка, преку МојДДВ на сметките на граѓаните се слеале скоро 120 милиони евра.
Од јануари 2023 година се зголеми прагот на враќање на дел ДДВ-то изразено во фискалните сметки, од 1.800 денари за едно тромесечје, на 2.100 денари.