На саемот Post - Expo 2018 кој од 9-ти до 11-ти октомври се одржа во Хамбург беа присутни и вработените на компанијата Пост Експрес која во Македонија работи од 2015-та година
Вработените имаа уникатна можност да видат и научат како работат најголемите поштенски компании, како ги организираат пратките со целосно автоматизиран процес и кои се најголемите достигнувања и иновации во поштенската индустрија.
Инаку, саемот Post – Expo се одржува еднаш годишно и секогаш е во различна земја од светот. Во Хамбург присуствуваа преку 150 изложувачи со свои штандови кои се вклучени во поштенскиот бизнис и преку 3.500 посетители од дури 100 различни држави. На саемот учествуваа и едни од најголемите поштенски компании како што се DHL, Fives, Vanderlande, Kermes, Turkish Post, Korea Post и многу други звучни имиња што се дел од поштенскиот бизнис.
Ни претставува големо задоволство што ние, како дел од Пост Експрес, учествувавме на Post – Expo - саем на компании кои се дел од поштенскиот бизнис кои го претставуваат нивното работење и IT компании кои се вклучени во поштенскиот бизнис со цел да го поедностават целиот процес во организација на пратките и нивната достава, вели еден од вработените за редакцијата на Vrabotuvanje.com.
Пост Експрес води грижа за професионалниот развој на своите вработени
Во текот на својот професионален ангажман, вработените во Пост Експрес имаат можност да посетуваат голем број обуки како што се: Обука за користење на андроид апликација за достава, обука за користење на електрично возило, Обука за подвижна лента за сортирање на пратки во магацин и многу други обуки.
Заинтересиран си за работа во Пост Експрес?