Загадениот воздух е проблем број еден секоја година. Потребно е подигнување на глобалната свест за да се придонесе кон намалување на загаденоста. Се уште не постои навика да се вози велосипед до работа или да се користи јавниот градски превоз. Се уште голем дел од граѓаните патуваат со автомобили до своето работно место. Потребно е да се превземат конкретни чекори кои ќе резултираат со долготрајно подобрување на квалитетот на воздухот.
Како за почеток може да се земат примери од други земји во врска со начините со кои тие се справиле со овој глобален проблем. На пример, во Мексико Сити е забрането да се користат автомобили еден ден во неделата. Постарите возила не смеат да возат во оние денови кога има висока загаденост, а јавниот транспорт е значително проширен.
Бидејќи станува збор за актуелен проблем кој не засега сите, решивме да направиме анкета и да дознаеме како најчесто патувате до вашите работни места.