Алма Кариер, е друштво регистрирано во Финска, кое е дел од Алма Медиа Групацијата.
Групацијата Алма Медиа e меѓународна групација која обезбедува дигитални и медиумски услуги. Во матичната држава Финска, деловните активности на Групацијата вклучуваат маркетплејс онлајн платформи за домување и возила, финансиски и професионални медиуми, медиуми за широки спектари на клиенти, како и содржини и услуги поврзани со податоци наменети за професионалци и деловни потфати.
Во Источна и Централна Европа, Шведска и во Балтичките држави, Алма Медиа спроведува деловни активности поврзани со услуги од областа на вработувањето и онлајн маркетплејс за комерцијални објекти. Алма Медиа Групацијата е присутна во 11 држави во Европа и вработува над 1.700 лица. Акциите на Алма Медиа котираат на берзата НАСДАК во Хелсинки.
Во регионот Групацијата на Алма Кариер, веќе е сто отсто сопственик и на порталот за огласување Мој Посао во Босна и Херцеговина, како и на Дјелогласник во Словенија, додека, пак, на српскиот пазар, Алма Кариер е сопственик на 30 проценти од Инфостуд, огромен систем кој опфаќа многу држави и ги поседува водечките портали за барање работа. Оваа мрежа поседува и некои други сајтови за различна проблематика, како што се за автомобилизам, за недвижности и слично, но доминантна дејност и се сајтовите за огласување на работни места.
Деловните активности на Алма Кариер опфаќаат консултантски услуги од областа на регрутирањето вработени, услуги за објава на слободни работни места, следење на апликации за работа, брендирање на работодавачи, технолошки системи и услуги од областа на работните односи, активности поврзани со саеми за вработување, едукативни системи и услуги, како и услуги поврзани со ангажирање на вработени.
Со влегувањето на македонскиот пазар на оваа Групација, Македонија влегува во семејството на европски држави кои ја поседуваат најсовремената технологија, која ќе стане достапна и за македонските граѓани.
Инаку, Вработување.ком денес се наоѓа помеѓу 15 најпосетени веб страници во земјата, со повеќе од 500.000 уникатни посетители месечно. Околу 30.000 клиенти имаат објави на свои огласи на овој сајт.