На кралот Чарлс му е дијагностициран рак, соопшти Бакингемската палата. Засега не се наведува за каков вид рак се работи.
Видот на ракот не е откриен - не е рак на простата, туку е откриен за време на неговиот неодамнешен третман за зголемена простата.
Кралот започна со „редовни третмани“ во понеделникот и ќе ги одложи јавните обврски за време на лекувањето, соопшти Палатата.
Кралот (75) „останува целосно позитивен во однос на неговиот третман и со нетрпение очекува да се врати на целосна јавна должност што е можно поскоро“, се додава.
Не се споделени повеќе детали за стадиумот на ракот или прогнозата.
Кралот лично ги известил двата сина за неговата дијагноза и се вели дека принцот од Велс бил во редовен контакт со неговиот татко.
Војводата од Сасекс, принцот Хари, кој живее во САД, разговарал со својот татко и ќе отпатува во Велика Британија за да го види во наредните денови.
Иако ќе ги паузира своите јавни настани, кралот ќе продолжи со својата уставна улога како шеф на државата.