Од утре пунктот во Пролет нема да прима граѓани за сликање за лични документи без закажување.
Техничкиот министер за внатрешни работи денеска за Сител вели дека планира сликањето за пасоши полека да се нормализира со целосна реорганизација на системот.
Рече дека граѓаните кои веќе имаат закажан термин за сликање ќе добијат нов термин согласно проширените капацитети и оптимизацијата на веќе издадените термини.