Берт Јенсен (57) од Холандија преживеа речиси 40 години со донаторско срце што го доби во болницата „Харфилд“ во Укбриџ, северозападен Лондон, во 80-тите, што го прави Гинисов рекордер за најдолго преживеан пациент со трансплантација на срце.
Таткото на две деца и пилот на едрилица изјави дека е голема е неговата чест што го достигнал рекордот, но и дека сѐ уште е благодарен за неверојатниот подарок, што го добил од донаторот, пренесува Би-би-си.
„Никогаш не замислував дека ќе стигнам толку далеку“, рече Џенсен додавајќи дека поставил репер за другите, кои сега имаат доказ дека е можно да се живее долго со донорско срце.