Ако сте сопственик на угостителски објект, веројатно веќе сте го забележале намалувањето на бројот на гости со опаѓањето на температурите. На луѓето едноставно им е премногу ладно за да излегуваат и да бидат надвор. Но, ние веруваме дека имате моќ да ја победите ладната зима и да ги задржите гостите токму во вашиот локал! Затоа, добро запаметете ги овие совети:
Прва и најважна работа– Ако вашите гости се доволно храбри и одважни да се борат со зимата, снегот и сите останати зимски закани, бидете сигурни дека во моментот кога ќе влезат во вашиот локал, зимата останува надвор. Дали вашиот објект е правилно изолиран? Дали имате соодветно греење? Потрудете се да постигнете соодветна температура за вашите гости да се чувствуваат удобно и да останат што подолго. Доколку немате, размислете и за вложување во електрични грејалки за терасата. Местата на кои може да се седи надвор и да се ужива во зимската идила се во тренд, особено меѓу пушачите.
Топли напитоци и коктели
Направете посебно мени на кое ќе имате неколку видови топли пијалоци и коктели. Земете ги во предвид некои од испробаните и проверени зимски пијалоци кои со сигурност ќе го наполнат вашиот локал со жедни и смрзнати гости.
- разни видови на топло чоколадо– што може да ве усреќи и да ве загрее повеќе во зима од миризливо, топло чоколадо? Денес понудата на чоколадо е огромна, а гостите знаат што сакаат. Додадете повеќе варијанти во менито, од обично млечно, до темно чоколадо со чили и мента.
- варено вино– ова е најдобро познатиот зимски пијалок. Се служи на сите зимски настани кои се организираат на отворено. Доколку го немате, задолжително додадете го во менито.
- Hot Toddy– ова е најпознатиот зимски пијалок во Шкотска и Ирска. Тие имаат позната изрека која вели: „The vitamin C for health, the honey to soothe, the alcohol to numb.“ Исклучително е лесно да го направите, а вашите гости ќе го обожаваат:
- 3cl виски
- 1 лажичка мед
- 1 лажичка лимонов сок
- 1 стапче цимет
- 2dl топла вода
- ирско кафе– ова е повеќе од популарен зимски пијалок, па за него не треба посебно претставување. Вискито како додаток сигурно ќе ги загрее љубителите на овој пијалок.
Примамете ги на социјалните мрежи
Што најчесто правиме сите во ладните снежни денови? Ја користиме секоја прилика да останеме дома, на каучот во дневна, со омилената серија, или едноставно да „скроламе“ по социјалните мрежи не правејќи ништо. Искористете го тоа што вашите гости најголем дел од времето трошат токму вака и примамете ги со интересни слики од вашиот персонал покрај оган, со коктели и топли напитоци кои сте ги спремиле за вашите гости. Напишете пост во кој ќе им кажете на вашите следачи дека заслужуваат пијалок по напорниот ден. Покажете им ги попустите и понудите и охрабрете ги да ги соблечат удобните пижами и да ги напуштат своите топли домови.
Неделни случувања или тематски забави
Луѓето сакаат рутини. Почнете со зимски паб квиз кој ќе се одржува секоја среда вечер или изберете ден во кој имате најмалку промет како би привлекле што повеќе гости. Задолжително понудете награди. Доделете купони со бесплатни пијалоци или интеререни маички со логотип. Внимавајте на дизајнот на маиците, потрудете се да бидат “cool” како победниците би ги носеле и понатаму. Тие ќе бидат одлична реклама, со сигурност.
Време е за игра
Дефинитивно е паметна маркетиншка одлука да имате телевизор на кој често ќе имате пуштено некој актуелен спортски натпревар, или нешто што вашите гости би сакале да го гледаат. Но, добро е да имате и некоја интерактивна забава исто така. Со ова ќе ја поттикнете социјализацијата во вашиот клуб, местото ќе добие душа. Вашите гости ќе знаат дека секогаш ќе имаат место каде што ќе може да се дружат со старите пријатели, да стекнуваат нови пријателства или едноставно да најдат некој со кој ќе одиграат една игра. Вложете во билјард маса, пинг-понг маса или пикадо. Дури може да организирате и викенд турнири и секако, да се пофалите на социјалните мрежи. Дајте им бесплатни пијалоци на првите тимови кои ќе се пријават. Ова можеби ви изгледа како голема инвестиција, но сигурно ќе ви се исплати и ќе ви даде предност пред конкуренцијата.
Приредете дегустација на храна и пијалоци
Еден од начините да привлечете гости во зимските денови е да организирате дегустација на пиво, вино или некој друг пијалок. Ако планирате да организирате ваков настан, обезбедете доволна количина на пијалоци и храна. Секако, не заборавајте тоа да го споделите на Facebook со вашите постојани гости, а на тој начин ќе добиете и нови посетители.
Ви посакуваме кратка зима и дооолги ноќи со многу гости!
Тренинг Центарот Академик ви нуди единствена можност да влезете во светот на луксузното угостителство.
Нудат обуки во хотелско-угостителски дејности, обука за лица на управувачки/одлучувачки позиции во угостителството – Train the leaders, обука за сертифицирани мастер обучувачи и консултантски услуги во угостителство.
Добивате професионална обука за кариера со 5 ѕвезди, меѓународен сертификат од Швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн и можност за пракса кај најреномираните работодавачи во земјава и во регионот.