Има некои активности на богатите за кои обичните луѓе не се свесни ни дека постојат. Buzz Feed благодарение на читателите кои откриле некои свои искуства и сознанија пишуваше малку за оваа тема, а приказните се многу сочни - ќе бидете фасцинирани.
Еве некои од најинтересните одговори:
Авио такси, домашни услуги...
„Некогаш имав богата соученичка која леташе во Хонг Конг за време на училишниот ден само затоа што сакаше да јаде дим сум.“
„Домашни услуги. Мајка ми е богата и има своја маникирка која доаѓа кај неа еднаш неделно за да и прави нокти и педикир. Нејзиниот личен тренер доаѓа три пати неделно и ја тренира во нејзината домашна теретана“.
„Колекционерски предмети. Размислете за антиквитети, ретки книги и уметност. Фосили исто така. Не како инвестиција, само собирање за забава бидејќи тоа е нешто што тие го сакаат... Особено работи на кои им треба посебна грижа“.
„Бев учителка во приватно училиште во Истанбул. Имав секакви родители: влијателни, магнати за недвижнини, инвеститори, актерки, па дури и мафијашки семејства. Една мајка еднаш рече дека возачот ќе ја земе ќерка и (4) затоа што таа одеше со пријателите на ручек во Милано“.
„Можеби не е толку хоби, не знам ни како да го наречам, но секогаш кога сум во кругот на семејството на сопругот на сестра ми (за роденден или семеен настан) за време на тркачката сезона, тие ќе го вклучат телевизорот за да гледаат трки и стојат таму со нивните апликации за обложување и се обложуваат по цел ден“.
„Котилион“, или поедноставно вид на бал, е вообичаена активност за младите, тинејџери од високата класа во САД. Тоа е во основа воннаставен курс за бонтон и балет во сала за средношколци, што кулминира со танц на вечера каде што тие можат да покажат што научиле.“
„Богатите не купуваат шампон затоа што постојано одат на фризер.
"Пријателот на татко ми е богат човек. Тој има сосед кој исто така е богат. Овој сосед е опседнат со еден тип на автомобил. Има само четири произведени во светот. Тој веќе купи три, а сега е на мисија да го купи четвртиот и последниот“.
„Вистинските богаташи имаат свои слики во куќата. Не модерни видови слики каде компјутерот подредува фотографија и става акрилен филтер на неа. Не, тие имаат портрети за кои седеле додека вистински уметник нанесувал боја на платното. "