Пасошите со старото име на државата повеќе не важат за патување во странство. Имаше конфузија во јавноста дека некои европски земји ги прифаќаат, но заменик-министерот за внатрешни работи вели дека за тоа да се случи мора да се смени законот. Доколку нема промена, граѓаните мора да добијат документи со новото име на државата.
Во меѓувреме, за да добијат пасоши граѓаните со часови чекаат пред шалтерот дури и за документ со забрзана постапка.
Граѓаните со кои разговаравме велат дека се принудени да чекаат и да платат три пати повеќе, бидејќи само така се добиваат пасоши, велат од Алсат.
„Го добив пасошот.
-Со забрзана постапка?
Да.
-Колку време траеше?
Два или три дена.
-Зошто се решивте за брза постапка?
Затоа што треба да патувам на крајот на месецот.
-Дали е ова најлесниот начин да се добие?
Да, бидејќи инаку има многу чекања, никој не одговара на телефонот за термин“, вели еден граѓанин.
Сè уште нерешен проблем останува нефункционалната телефонска линија за закажување термини.
Според МВР, околу 1 милион и 300 илјади граѓани имаат нови пасоши, но стотоци илјади други и понатаму не.