Пепко, европскиот синџир за малопродажба која им е доста позната на Македонците кои заминуваат во Србија, а каде пазарат парчиња гардероба и други производи по прилично евтини цени, најави дека ќе го напушти австрискиот пазар.
Тие изјавија дека не очекуваат задоволителни финансиски резултати во таа земја.
„Групацијата заклучи дека ќе го прекине своето работење во Австрија бидејќи не предвидува дека австрискиот пазар ќе достигне соодветно ниво на поврат“, се наведува во регулаторното поднесување доцна во понеделникот, пренесува Индекс.
Сопственикот на брендовите Pepco, Poundland и Dealz, кој котира на берзата во Варшава и на крајот на декември имаше вкупно 4.832 продавници, влезе на австрискиот пазар во септември 2021 година и работи со 73 продавници во земјата.
Во октомври, Pepco рече дека ќе ја забави својата програма за отворање продавници за да се фокусира на враќање на профитабилноста, но сепак планира да отвори најмалку 400 нови продавници во 2023/24 година.
Пепко рече дека излегувањето од Австрија ќе го подобри готовинскиот тек на групацијата и основната профитабилност за 2024 година, додавајќи дека тоа ќе им овозможи да се фокусираат на други пазари каде што можат да генерираат повисоки приноси.
Тие исто така истакнаа дека одлуката не влијае на нивната постоечка стратегија за раст во Западна Европа или на деловните операции во други земји.
Условите за тргување продолжуваат да бидат предизвикувачки во поголемиот дел од Европа, рече Пепко минатиот месец, иако остана „внимателен оптимист“ за 2024 година.