Станете дел од најголемото регионално рандеву на HR заедницата - HR Days конференцијата за човечки ресурси која ќе се одржи во Ровињ на 8-9 мај 2024!
Водечкиот портал за вработување во Хрватска, Мој Посао - партнерот на Вработување.ком, ви ја овозможува привилегијата да ги проследите најновите трендови во човечките ресурси, на конференцијата HR Days. Први да пoсведочите на новините и да ги имплементирате во сопствените компании, Ви препорачуваме вашиот HR менаџер да го испратите на дво дневно работно патување во Ровињ, на 8 и 9 мај, да инвестирате во неговото знаење и раст, неговата подобра иднина која ќе значи и подобра иднина на вашата компанија.
Зошто е добро да се посети конференцијата:
- Имате локална поддршка од Вработување.ком
- Искуства од регионалниот пазар кој е многу поблизок до македонскиот
- Ќе слушнете предавања и новитети од врвни светски HR професионалци кои ќе ви споделат знаење кое ќе ви овозможи унапредување на работните процеси
- Можност за средби со колеги од истата бранша за размена на искуства и соработка
- Можете да ја пријајавите вашата HR практика и да добиете награда (Компаниите чии HR практики ќе влезат во топ 5 ќе добијат бесплатна котизација за учество на конференцијата)
- Ровињ е град за уживање
- Хрватска е земја со многу можности
Што да очекувате на HR Days 2024
На бината за време на HR Days во изминатите 11 години се искачија врвни предавачи од Хрватска, регионот, но и познати светски имиња и HR професионалци. Дел од звучните имиња кои ќе споделат непроценливо знаење на HR Days 2024 се:
- Д-р Армин Трост - еден од највлијателните експерти во областа на човечките ресурси во Европа, тој е професор, автор, говорник и консултант
- Д-р Меги Еванс – искусен психолог и консултант со меѓународно искуство во различни сектори, вклучувајќи банкарство, угостителство, технологија и малопродажба
- Дебра Кори - искусен и наградуван консултант за човечки ресурси, врвен говорник и автор на шест книги, прогласена за еден од 101-те најдобри глобални влијателни лица за ангажирање на вработените.
- Geertrui Mieke De Ketelaere - магистрирала градежно и индустриско инженерство, а за време на студиите специјализирала роботика и вештачка интелигенција.
- Кен Кори - искусен инженер и пионер во воведувањето иновативни решенија и ја има улогата на виш инженерски менаџер во компанијата Curve.
Презентирајте ја вашата компанија со пријава на HR пракса
Уште една можност за промоција на вашата компанија, компаниска култура и афирмација на управувањето со човечките ресурси во вашата организација се и Наградите за најдобри регионални HR пракси. Ве покануваме да ги покажете своите најдобри практики и иновации за човечки ресурси и да ги пријавите за учество на конференцијата.
Пријавете HR пракса со која сте овозможиле трајна промена во културата на компанијата, сте ја зголемиле ангажираноста на вработените и/или значително сте влијаеле на деловниот успех во последните 2 години. Меѓутоа, дали сте загрижени дека праксата не е доволно иновативна? Не е сè до иновациите! Клучот за добрата пракса е, пред сè, тоа што создава дополнителна вредност за вработените и придонесува за деловниот успех.
Новина е дека сите пристигнати апликации ќе бидат поделени во две категории: мали/средни компании (до 250 вработени) и големи компании (со 250 и повеќе вработени).
Петте најдобро оценети пракси од секоја категорија (вкупно 10) од стручното жири ќе имаат можност да се претстават пред публиката на HR Days конференцијата.
Атлантик Група Македонија беше дел од победниците со Најдобри HR практики на HR Days конференцијата во Ровињ, Хрватска во 2022 година
Наградата за најдобра HR пракса ја истакнува посветеноста, мотивацијата, амбицијата како и работната култура на голем број компании, организации, тимови и поединци кои се истакнуваат во управувањето со човечките ресурси. На листата на добитници на оваа престижна награда во 2022 година се најде и Атлантик Група со проектот Атлантик банка.
Практиките за човечки ресурси повторно стануваат тренд и со нетрпение очекуваме нови апликации на иновативни проекти кои ја промовираат улогата на HR во компаниите и со тоа го подобруваат квалитетот на работата на нивните вработени и деловните резултати.
Крајниот рок за пријава на HR пракса е 8 март 2024 година - ПРИЈАВЕТЕ СЕ.
Се гледаме на 8 и 9 мај 2024 година во Ровињ на 12-тата HR Days конференција!