Останавме без мајстори во државата.
Граѓаните се жалат дека со денови чекаат некој да им поправи бојлер или да им смени чешма. За цените и да не зборуваме, велат дека за обична поправка земаат 1.000 денари и дека им се качила дневницата на 3.000 денари. Причината, според градежните експерти, е што нашето образование не продуцира млади кадри за потребите на градежништвото, а оние што се поквалитетни, заминале на работа во странство, за повисоки плати. Градежните експерти велат дека проблемот со недостигот на градежни занаетчии ги попречува работењето на компаниите и секојдневниот живот на граѓаните. Граѓаните не може да најдат мајстори за поправки во домот, а и кога ќе ги најдат, треба „дебело“ да ги платат.
И граѓаните се жалат дека многу тешко се наоѓа мајстор за обични поправки во домот како поправка на бојлер, замена на чешма… Велат дека сите се зафатени или бараат премногу пари. Занаетчиите го искористија тоа што нема доволно ваков кадар и двојно ги качија цените, па така и за мала поправка земаат најмалку 1.000 денари. Дневниците на градежните занаетчии, плочкари, гипсари се повисоки и се движат околу 3.000 денари.
Според статистиките, во Македонија има околу 10.000 регистрирани мајстори, од кои само 2.000 се електричари и водоводџии. Оваа бројка е далеку под оптималната за една земја со 2 милиона жители и со над 600.000 домаќинства.
целиот текст на линкот: vecer.press