Во Европскиот парламент се одржа расправа за предлогот на нови правила за возачките дозволи.
Предложената директива на Европската Унија предвидува низа измени:
Електронска возачка дозвола: Воведување на дигитална возачка дозвола која ќе биде достапна на мобилен телефон и која ќе биде идентична со физичката возачка дозвола.
Здравствени прегледи за возачите: Возачите ќе мора прават здравствени прегледи на секои 15 години. Оваа мерка има за цел да гарантира дека возачите се способни за безбедност на патот.
Строги правила за младите возачи: Возачите во пробен период ќе мора да поминат најмалку две години со ограничувања. Возачките дозволи за мотоцикли, автомобили и трактори ќе важат 15 години, а за камиони и автобуси – 5 години.
Оценување за физичката и менталната состојба на возачите: При издавање или обновување на возачките дозволи, возачите ќе мора да бидат оценети за нивната физичка и ментална состојба. Членките на ЕУ ќе одлучат дали оваа оценка ќе се замени со лекарски преглед.
Обука за реални ситуации: Тестовите за возачката дозвола ќе вклучуваат возење во снежни и влажни услови, мртви агли, системи за помош на возачот и безбедно отворање на вратите на возилото.
Европратениците не го поддржаа предлогот на Комисијата за скратување на рокот на важност на возачките дозволи за постарите граѓани бидејќи сакаат да избегнат дискриминација и да им го гарантираат правото на слобода на движење и учество во економскиот и општествениот живот.
За да се надомести недостигот од професионални возачи, претставниците одлучија да им овозможат на 18-годишниците да добијат дозвола за управување со камион или автобус со капацитет до 16 патници, со услов да поседуваат потврда за професионална способност. Во текстот се предлага и 17-годишниците да можат да добијат дозвола за управување со автомобил или камион, придружувани од искусен возач.
Денар на оваа тема разговараше со домашни експерти кои велат дека наскоро овие правила ќе почнат да важат и кај нас.
Како што велат, ова е пробен период за младите возачи, а дигиталната возачка дозвола на Европската Унија ќе го олесни пристапот до информации за возачите.
„Оваа реформа ќе гарантира и санкционирање на прекршоците во различни земји-членки. Македонија треба да се прилагоди на овие нови правила, бидејќи редовно ги спроведува новитетите од ЕУ“, објаснуваат нашите соговорници.