Вака од утрово изгледа преминот Буково. Обилни врнежи од снег во текот на ноќта и утрово има во западните делови од Македонија, додека пак во главниот град Скопје по синоќешните врнежи од дожд, денеска има сончево време.
Временската промена беше најавена од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), а врнежите од снег ќе продолжат до крајот на неделата.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно, до крајот на работната седмица со повремени врнежи од дожд. Утре локални врнежи ќе има попладне и ќе бидат проследени со ретки грмежи. Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на планините врнежите ќе бидат од снег.
Денес претпладне ќе има врнежи од дожд кои во јужните делови ќе бидат пообилни (над 20 л/м2) и повремено со пороен карактер.
Прогноза за 07.03.2024
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 8°C до 15°C
Променливо облачно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Прогноза за 08.03.2024
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 7°C до 13°C
Променливо облачно со слаб локален дожд, а на планините со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Прогноза за 09.03.2024
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 9°C до 15°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Во северните делови променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните претпладне облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северозападен правец. Попладне врнежите насекаде ќе престанат. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а повремено засилен ветер од северозападен правец.
T= 16 °C, P= 975 hPa, U= 52 %, V= 5 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)