Денес напладне Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) треба да ги соопшти новите цени на горивата во Македонија кои ќе важат во следните две недели.
Со последната промена пред две недели, малопродажните цени бензините од полноќ се намали за 4,5 денари, на дизелот за три денари, а на екстра лесното гориво за 3,5 денари.
Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53 ден/лит.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 денари за литар.
И денес, како и пред две недели, се очекува намалување на цените бидејќи цената на суровата нафта е во слоподен пад.
За помалку од 2 недели, цената е пониска за 10 долари за еден барел, што гарантира големо, можеби и историско намалување на малопродажните цени на горивата во Македонија.
Се очекува секој од дериватите да поевтини за околу 5 денари по литар.