Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38 отсто.
Од 12.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 82,50 (денари/литар)
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 84,50 (денари/литар)
- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,50 (денари/литар)
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 44,019 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,267 ден/кг и сега ќе изнесува 44,019 ден/кг.
Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 12.3.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.