Министерството за економија на 26.11.2018 распиша втор јавен оглас за надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети во домаќинствата за 2018 година
Со цел стимулирање на домаќинствата за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, на жителите кои ќе купат печки на пелети, Министерството за економија ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 50%, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност, се до искористување на предвидените средства на Буџетот на Република Македонија за оваа намена, под услов купувачите досега да не користеле средства од Буџетот на Република Македонија за купување на печки на пелети во својот дом.
Право на учество на овој јавен повик ќе имаат купувачите кои имаат купено печки на пелети во своите домови во периодот од 1-ви септември до 12 декември 2018 година и кои ќе поднесат Образец за барање за искористување на правото на надоместок.
Исплатата на средствата за надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети во домаќинствата за 2018 година ќе се врши врз основа на донесено решение од министерот за економија, се до искористување на предвидените средства во Буџетот на Република Македонија за оваа намена.
Во моментот кога ќе се искористат предвидените средства во Буџетот на Република Македонија за оваа намена, Министерството за економија ќе објави соопштение на интернет страницата на министерството.
Листата на баратели кои го остваруваат правото на надомест ќе биде објавена на веб страната на Министерството за економија најдоцна до 31 декември 2018 година.
Јавниот оглас може да го погледнете на следниот линк.