Новиот датум на Регионалниот саем за вработување е веќе објавен, а на вас останува да започнете со подготовките уште денес
Уникатниот најголем онлајн Регионален саем за вработување веќе 15-та година по ред успешно ги обединува работодавачите во потрага по вистинските кандидати и вработените во потрага по нови деловни можности. Традиционално се одржува наесен, годинава ќе трае 8 дена, од 15 до 22 октомври.
Employer branding досегот изнесува дури 7.200.000 потенцијални кандидати. Минатата година саемот оствари повеќе од 690.000 посети и повеќе од 51.000 апликации.
Бројките зборуваат сами за себе, а учеството на саемот е неизбежен настан кој ви овозможува да стигнете до пазарот на трудот и во исто време да се истакнете како работодавач на оваа единствена онлајн платформа, која е широко препознаена од работобарателите во регионот, и да ја искористите можноста да ги презентирате деловните можности и бенефитите што ги нудите на кандидатите. Добијте попуст за рана пријава со резервирање на штанд до 2 септември, а за повеќе информации пишете ни на karolina@vrabotuvanje.com.mk.
- Времетраење: од 15 до 22 октомври 2024 година
- Попуст за рана пријава: 10%
- Employer branding досег: 7.200.000 корисници / потенцијални кандидати
- Резервација на штанд: regionalensaemzavrabotuvanje.com