Поранешниот директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски на својот Фејсбук профил објави дека Македонија во 2023 остварила рекорден туристички прилив од речиси 600 милиони долари. Тој притоа им се заблагодари на сите оние кои верувале во оваа визија и помогнале во нејзина реализација
„Рекорден туристички Прилив од 598.50 милиони долари за 2023 година во македонската економија! Тргнавме од 327,05 милиони $ за 2017 година и застанавме на 598.50 милиони$ во 2023 година со што се реализираа сите повлечени стратешки потези во короната и во изминатите шест години! Благодарност и капата доле за сите туристички работници кои веруваа во една визија и застанаа рамо до рамо за нејзината реализација! Државата се сака со секојдневни победи на секое поле на индивидуално и колективно ниво!“ напиша Јаневски.