Секој потенцијален работодавец ќе сака да знае зошто сакате да направите промена на работното место. Интервјуерот секако дека нема да сака да слушне дека причините за вашето заминување се вашите лоши перформанси, лошите односи со колегите или затоа што едноставно си ја мразите работата. Поради тоа, кога одговарате на ова прашање важно е да обезбедите сигурност со тоа што ќе кажете дека ја напуштате вашата сегашна работа од вистински причини, а не само за да излезете од лоша работна ситуација.
Нагласете ги позитивните причини зошто се фокусирате за конкретната позиција во нивната компанија. Ставањето фокус на вашиот потенцијален работодавач суптилно го пренасочува разговорот и вооедно е одличен начин за да покажете дека успешно сте ја завршиле домашната задача кога станува збор за темелно истражување за компанијата.
Во ниту еден момент немојте да говорите негативно за моменталната компанија, менаџментот, платата или бројот на работни часови. Наместо тоа, речете дека сегашната позиција претставувала одлична отскочна даска во вашата кариера, но дека сметате дека работата за која аплицирате е повеќе усогласена со вашите долгорочни цели.
Секојпат кога тоа е возможно, вклучете некои позитивни релации и ситуации со вашите сегашни супервизори, соработници и клиенти. Опишете ги можностите што тие ви ги дале за развој на кариерата. Во секој случај, акцентот секогаш нека биде на тоа дека моментално се обидувате да ја пренасочите вашата кариера во поинаква насока и да ги искористите своите вештини на нов начин. Потенцирајте дека оваа позиција го нуди тоа што вие го барате и сметате дека вашето искуство и вештини совршено ќе се совпаднат со нивните барања.
Менувањето на работните места од вистински причини покажува дека сте амбициозни, но може и да направи интервјуерот да посака да утврди дека не сте личност која постојано скока од едно на друго работно место. Тој ќе сака да знае дека сте некој на кого ќе може да се потпре и дека ќе станете ценет дел од тимот. Правите одговори несомнено ќе ве направат совршен кандидат за позицијата и ќе ви обезбедат место во нивната компанија.