Доколку се подготвувате за летен одмор, оваа година треба да ја заобиколите Грција во широк лак. Со изговори за се и сешто, од војната во Украина до инфлацијата, Грците грубо ги покачија цените, па вашиот престој ќе чини 20 до 30 отсто повеќе од лани.
Од понудата која во моментов е веќе актуелна ќе ви се крене косата и ќе ви се расплаче паричникот, па така, десетдневно изнајмување стан на Сарти оди дури и до 510 евра по лице. Ако користите сопствен превоз, ќе платите 30 евра помалку, што не е утеха.
-Бев непријатно изненаден кога се распрашав за станови во Пефкохори. По лице - од 500 до 550 евра! Што е многу, многу е - вели Марјан кој сака да резервира одмор во Грција.
Тој додава дека дополнителен проблем е што гостите во станот едноставно немаат каде да се капат:
- Плажите беа окупирани од гости на хотелот, поточно нивните лежалки окупираа се. Треба да пешачите стотици метри за да стигнете до делот од плажата каде што вие и вашите деца можете да пливате.
Шампиони на скапотија се становите на Тасос и на кои не треба ни да помислите доколку навистина немате пари за трошење. Имено, само собата таму чини 850 евра по лице, па се случува нешто што вообичаено не се случува: се уште има слободни места во мај и јуни, кои минатите години кога цените беа понормално беа распродадени упте во јануари.
Паркинг се плаќа посебно
- Вистински срам. Станот чини 900 евра по лице за десет дена. Што добиваме за тоа? Бесплатно користење на клима и Wi-Fi. Сепак, за оние кои сакаат сопствен паркинг, цената е пет евра дневно, а треба однапред да резервирате бидејќи бројот на места е ограничен. Секако, плаќањето е на лице место, штом пристигнете во вилата - изјави Марјан.
Згора на се, пораснаа и даноците за престој, што дополнително го оптоварува буџетот на туристите.
- Најевтин и натаму е данокот за престој во станови кој досега изнесуваше 50 центи дневно по стан. Беше, значи, пет евра за 10 дена, а сега е евро и пол дневно, што значи 15 евра за 10 дена - изјави директорот на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија („јута“) Александар Сеничиќ и додаде:
- Што се однесува до хотелите, за десет дена ќе ве чини од 30 до 100 евра во зависност од категоријата.
Лудило во Порто Карас
На Твитер имаше објава на корисник кој тврди дека одморот со полупансион за четири лица во Порто Карас минатата сезона чинел 1.375 евра, додека сега со попуст за истиот период е дури 4.741 евро!
Луѓето беа шокирани од ова поскапување, особено што одморот во првата половина на јули чини дури 600 евра дневно!
Поскапи патарини
Од 1 јануари патарините во Грција поскапеа во просек за 7,63 отсто, а поскапувања се најавени и за следните три години.
- Атина - Солун 33.75
- Атина - Јанина 41.15
- Атина - Патра 12.7
- Атина - Каламата 15
*цените се во евра