„ЧЕЗАКОМЕРЦ“ ДОО СКОПЈЕ денеска доби специјално признание од Стопанската комора на Македонија за EXCELLENT SМE компанија за 2017 година.
Сертификат „Коректна фирма“ е доделен на компанијата за одлична репутација и етаблираност на бизнисот, како и спроведување на обврски кон клиентите и партнерите.
Стопанската комора на Македонија традиционално, како секоја година и оваа, додели награди и други признанија на компании - членки кои во изминатата 2017 година оствариле позитивни резултати во работењето врз основа на однапред утврдени критериуми.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија,Бранко Азески, потенцираше дека станува збор за фирми кои имаат свој удел во домашната економија, посакувајќи секоја следна година да имаме што поуспешни и перспективни компании.
Награди и признанија во 11 категории добија 15 компании - членки на Стопанската комора на Македонија.
извор: faktor.mk