Грчката авиокомпанија Aegean Airlines ова лето ќе започне со нова сезонска авионска линија од Скопје, известува Ex-Yu Aviation. Од 1-ви јуни авиокомпанијата ќе започне со редовни летови меѓу Скопје и грчкиот остров Крф, со авион ATR72-600 управуван од регионалниот бренд на Aegean – Olympic Air. Летовите ќе се одвиваат до 28 септември 2024 година.
Ова е трета дестинација која oваа авиокомпанија ја воведува од Скопје, откако претходно воведе летови меѓу Скопје и Атина и Скопје и Сараево.
Авиобилетите за летот Скопје – Крф се достапни преку веб страната на Aegean Airlines, а моменталната цена за повратна карта започнува од 220 евра.
Крф е остров со бурна историја, но и е еден од најубавите острови во Грција, исполнет со бујна вегетација и зелени површини, затоа уште и го нарекуваат Зелениот смарагд. За Крф пишувал и Хомер во неговата Одисеја односно опишано е доаѓањето на Одисеј во земјата на Феачаните и тоа е една од најзачудувачките епски песни во неговото дело.