Граѓаните на Косово сега имаат право да работат сезонски во Финска по либерализацијата на безвизното патување во ЕУ, без да подлежат на процедурата за обезбедување сезонски визи.
Приштинските медиуми, повикувајќи се на извори од Амбасадата на Финска во Косово, наведуваат дека финските власти објасниле дека на имателите на косовски пасоши ќе им биде дозволено да работат до девет месеци во годината во секторот земјоделство и туризам.
Во согласност со правилата на Финска, сезонските работници од Косово кои максимум 90 дена континуирано ќе работат во земјава ќе треба да добијат потврда за сезонска работа.
Овој сертификат го издава финската служба за имиграција и процесот на аплицирање е онлајн, без потреба од закажување термин во амбасадата.
За оние кои имаат обврски во Финска не подолги од 90 дена и кои веќе патувале во таа или друга шенген земја без виза, Амбасадата на Финска во Косово предложи да се провери дали имаат доволно денови за потврда за сезонска работа.
Доколку се искористени сите денови без виза, сезонските работници кои ќе останат во Финска не подолго од 90 дена мора да поднесат барање за дозвола за сезонски работен престој.
За сезонските работници од Косово кои имаат намера да работат во Финска од три до девет месеци, поседувањето дозвола за престој е задолжително за сезонска работа.
Финска одлучи да ги прекине барањата за собирачи на шумски плодови од Тајланд, Камбоџа и Мјанмар, поради сомневање дека се користи за трговија со луѓе.