Претседателот на Србија изјави дека 2.200 лица се пријавиле во последниот месец, од почетокот на издавањето единствени работни дозволи во рамките на слободниот пристап до пазарот на трудот на Отворен Балкан, а најголем дел од пријавените се од Македонија.
Претседателот изјави дека Србија „има проблем со работната сила“, и дека е добро што се направени идентификациски картички како дел од иницијативата „Отворен Балкан“ за Србија, Северна Македонија и Албанија.
- Најголем дел од заинтересираните се од Северна Македонија, изјави Претседателот на Србија на телевизија Информер.
Тој кажа дека на ист начин „неколку стотици српски државјани се пријавиле да заминат на други места“, но дека многу поголем е приливот на работници во Србија, преку „Отворениот Балкан“ отколку одливот на работници.