Дури и на најголемите генијалци им треба време само за себе. Дали можеби некогаш сте се запрашале на кое место тие ги добиваат најдобрите идеи? На секој од овие 10 милјардери им беше поставено прашањето: Кое е твоето омилено место за размислување?. Ова се нивните одговори.
Коосновачот и директор на Airbnb, Брајан Чески, вели дека неговото омилено место за размислување е семејниот музеј на Волт Дизни во Сан Франциско.
Марк Цукерберг, основачот на најпознатата социјална мрежа Фејсбук, вели дека местото за размислување се наоѓа во неговиот дом, поточно неговиот тревник каде тој шета наоколу во кругови.
Директорот на Netflix, Рид Хестингс ја избра својата дневна во неговиот дом во Санта Круз.
Шерил Сандберг, извршниот директор на Фејсбук, вели дека лентата за трчање е местото каде и доаѓаат најдобрите идеи.
Бил Гејтс, "таткото" на Мајкрософт, вели дека за време на прошетките и возењето размислува најдобро.
Коосновачот на Linkedln, Реид Хофман има изјавено дека новите места, како што е кафич во кој никогаш не бил, се совршени катчиња за размислување.
Основачот на Spanx, Сара Блекли го сака делот кога е во нејзиниот автомобил и се упатува накај работа. Таа дури и се буди еден час порано за да има повеќе време за размислување додека вози.
Катерина Фејк, коосновачот на Flickr, нема посебно место за размислување, но има точно време кога тоа го прави. Имам временски распон помеѓу 2 и 5 часот наутро, време кое вообичаено го користам за многу размислување и многу работа, вели Катерина.
Џон Елкан, претседателот на Fiat Chrysler, ја сака природата и поради тоа таа е неговото омилено место за размислување. Од една страна, можете да видите колку природата е неверојатна, а од друга страна ве стимулира да размислувате, да сонувате и да бидете амбициозни, вели Елкан.
Основачот на Zynga, Марк Пинкус најдобро размислува кога е на неговата штица за сурфање или кога вози велосипед.
Кое е вашето омилено место од каде што црпите најмногу инспирација?