
Железници на Република Македонија денеска одбележуваат 151 година од основањето, односно кога на 9 април 1873 е пуштена македонската делница на трансбалканската линија Виена – Солун.
На настанот, што ќе се одржи денеска во Кино салата кај Железничко – патничката станица во Скопје, како што е најавено ќе се обрати директорот на Македонски железници – Инфраструктура Зоран Трифуновски, а ќе биде претставена и визијата за иднината на железничката инфраструктура во земјава.