
По денешниот неработен ден доаѓаат серија неработни денови во април и мај, можеби најмногу во историјата на Македонија за толку краток период.
Па така следен неработен ден е 24-ти април – ден на избори за Претседател.
Неработен ден ќе биде и 1-ви мај, ден на трудот, па потоа доаѓа 3-ти мај Велики петок и 6-ти мај Велигден.
Неработна ќе биде и средата на 8-ми мај поради изборите за Парламент и втор круг на изборите за Претседател.
Но тоа не е крај на празниците за мај, бидејќи на 24-ти се слави Свети Кирил и Методиј.