Основачот на авио-компанијата Виз ер Јозеф Варади ги советува клиентите да уживаат во ниските цени на картите, затоа што нема така долго да останат евтини.
На конфереција во Виена, тој рече дека предвидува поскапување на авио-картите во следната година.
„Цените ќе се стабилизираат“, додаде Варади.
Унгарската авио-компанија се стационира на виенскиот аеродром во пролетта годинава, а иако закумнините се скапи, сепак Варади порачува дека оваа нискобуџетна компанија че остане во главниот град на Австрија.
Варадаи на конференцијата зборувал и за амбициозните планови на Виз ер.
Извор: Локално