Новите измени во Законот за прекршоци значат за 75 отсто пониски глоби за граѓаните
За сторен прекршок, казната за граѓаните ќе биде од 15 до максимум 250 евра, наместо 1.000 како што беше досега.
Се преполовува и казната за нерегистрирано возило повеќе од 30 дена и ќе изнесува 250 евра во денарска противвредност.
За компаниите, пред да се одреди глобата ќе се земат предвид неколку фактори како што се остварениот приход, бројот на вработени, како и претходно изречените казни за исти или слични прекршоци.
Новина е и тоа што трговец поединец ќе се третира како физичко лице.
Во законот за прв пат ќе се направи и градација меѓу малите, средните и големите претпријатија.
За малите глобата ќе биде од 50 до 2.000 евра, а за средните и големите претпријатија ќе се изрекуваат глоби од 250 до најмногу 10.000 евра.
Со законските измени се воведува и нова категорија “опомена“, а целта на истата е да се не се изрекуваат превисоки казни за помалите прекршоци бидејќи често пати тоа значи и затворање на некои фирми токму поради висината на изречената глоба.
Законот влегува во владина процедура.
Извор: Сител